Во Гевгелија вчера и денеска се одржува Новогодишниот хуманитарен базар што традиционално го организира фондацијата „Аполонија" во соработка со двете основни и средното училиште од градот и учесници од Дневниот центар за деца со посебни потреби и центарот „Мајка Тереза" единствен од таков вид во земјава кој згрижува четириесетина деца со посебни потреби.

-На овој добротворен настан, вчера и денеска на посетителите на базарот им нудиме на продажба новогодишни украси,глинени предмети и накит изработен од децата како и новогодишни и божикни посни колачиња,кои се донација од нивните родители, посочија организаторите од фондацијата „Аполонија".

Базарот годинава е збогатен со игри и претстави на кои своја програма презентираат дел од учесниците.Сите пари кои ќе бидат собрани од продажбата на понудените предмети ќе бидат наменети за хуманитарни цели.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2018 13:26