Во организација на прилепската локална самоуправа и Институтот за старословенска култура од Прилеп, утре во општината ќе се одржи јавна расправа за Нацрт-планот за управување со заштитеното подрачје „Маркови Кули“.
Имено, комплексот на природни и културни реткости „Маркови кули“ во Прилеп е на привремената листа на заштитени подрачја на УНИЕСКО и претендира, со поддршка на Министерството за култура и на државата да биде на постојаната листа на УНЕСКО, зашто, се согласуваат научниците, тоа е природна и културна реткост, со сите факти, да биде заштитена.
Јавната расправа во прилепската локална самоуправа е во периодот од 11 до 13 часот.