Дочек на нова година на градскот плоштад во Охрид, нема да има.Локалната самоупарава ги откажа сите празнични манифестации,вкучително и организацијата на новогодишната ноќ, пренесува Телевизија Алфа.

И покрај тоа што програмата беше потврдена и уметниците беа начелно букирани бидејќи со нив не беа потпишани договори, донесена е одлука поради ненадејната смрт на градоначалникот,оваа година да не се одржи главната програма-велат од локалната самоуправа. Сепак веруваат дека плоштадот нема да биде празен и без музика-очекуваат угостителите да ја превземат организацијата во свои раце и на туристите во Охрид да им приредат новогодишна забава и весел амбиент.

-Да не се залетуваме,не можам да потврдам, меѓутоа ставот на локалната и сите вработени дека нам ни ни е до славење. Доколку било кое правно лице, било која организација најде за сходно да ги повика, да направи некаква манифестација, некаква прослава, се разбира дека тоа е во ред.-Изјава Томе Џамтоски-портпарол на Охрид.

И додека охриѓани се подготвуваат за најубавите денови во годината,во белата зграда на општината, локалната самоуправа чека известување од Владата,по што Советот на општина Охрид ќе отпочнепостапката за избор на вршител на должност гардоначалник, се до избор на нов гратски татко.Во јавноста веќе се шпекулираше со евентуалниот датум за одржување на локални избори кој би се случиле заедно со претседателските избори.

-Ајде да го оставиме тоа на Собранието и на поголемите политички партии,сепак е тоа политичка одлука. Но верувам дека и тие рокови ќе бидат скратени и дека ќе се пристапи кон избор на градоначалник, претпоставувам дека тоа ќе биде во текот на пролетта. -Изјава Томе Џамтоски-порпарол на Охрид.

Со ненадејана смрт на Јован Стојаноски, градоначалничката фотеља остана празна по нешто повеќе од една година колку што тој ја обавуваше функцијата на градски татко.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2018 04:07