Битолчани во реално време на своите мобилни телефони ќе имаат увид колкаво е и какво аерозагадувањето во Битола. За тоа се погрижија еко- ентузијасти од граѓанската иницијатива Биста, кои на Широк сокак поставија мерна станица со сензори од независната платформа Airly за мобилни мерни станици, со која ќе се мери загадувањето на амбиенталниот воздух со параметри за ПМ- 10, ПМ- 2,5 и ПМ- 1 честички, пренесува Телевизија Алфа.
-Целта беше да се добие една релна слика на аерозагадувањето на територијата на градот Битола, во рњално време. Значи, овој уред кој што е овде поставен на оваа мобичлна мерна станица е моментално најсофистициран уред за утрвдување на овој тип од параметри на аерозагадување- рече Драган Вељанов од граѓанската иницијатива Биста од Битола.
Меѓутоа, иницијаторите кои успеаја овој уред да го обезбедат бесплатно од полскиот производител, планираат да обезбедат уште најмалку четири до пет мобилни станици, со кои целосно ќе се покрие територијата на Битола, а средствата од пет илјади евра ќе се обезбедат преку донаторска акција или социјална кампања на граѓаните. Со оваа опрема ќе се демистифицираат заблудите дека најголеми загадувачи се домакинствата, бидејќи најголемата емисија на штетни гасови доаѓа од општинските институции, велат од Биста.
-Сметаме дека претствата за аерозагадувањето во градот е погрешно разбрана. Значи, сите алудираат на домакинставата кои се грејат со дрва или било што, нбо има одредени институции десет во градот и кои се под ингеренции на општината и повеќе загадуваат, како што се- Болницата, Студентскиот дом, јавните претпријатија Комуналец и Нискоградба, Општината, учикишта, градинки и се греат на мазут и емитуваат штетни емисии што не се заштитени ниту со филтри, ниту со прочистувачи- рече Велјанов.
Дали општинската управа ќе ја поддржи оваа граѓанска иницијатива или не , допрва ќе видиме. Барем засега, нивните еко- политики се движат во сосема спротивен правец. Според Програмата за идната година, планираат субвенционирање за чистење на оџаци , купување на велосипеди и печки за пелети. Одлуката на Советот за субвенционбирање на струјата, с`е уште ја чуваат под тепих и никако да стаса до Владата.