Во организација на Македонскиот национален комитет на Синиот штит денеска ќе се одржи дебата насловена „Опасноста и заштитата на архивите: заборавена обврска во институциите од културата на Македонија”.
Целта на форумот, што е во соработка со Македонскиот национален комитет на ИКОМ, е информациите и расправата за опасностите на кои се изложени архивските материјали, да допрат до сите засегнати страни кои се занимаваат со заштитата на културното наследство.
Панелистите ќе дискутираат за опасностите на кои се изложени архивите и архивските материјали во институциите од областа на културата во Репоублика Македонија, а воедно и можностите за нивнатата евентуална заштита.