Штип за првпат доби лизгалиште, кое веќе е монтирано на плоштадот „Слобода” и претставува вистинско изненадување за децата и младите. Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски рече дека минатата година ја вовеле Новогодишната бајка, а годинава ќе се постават и типски куќички на плоштадот.

-Веќе е монтирано лизгалиштето, кое е една новина во градот и за првпат се поставува, бидејќи сакаме да направиме иновации во делот на дочекот на Нова Година. Во текот на наредните 30 денови ќе функционира ова лизгалиште, овде на плоштадот ќе има поставено и неколку монтажни објекти, каде што ќе се продава и служи чај, а имаме и целосна концепција на настанот, што ќе значи доближување на новата година до граѓаните – вели Бочварски.

Штипскиот градоначалник истакна дека целта им е да се понуди забава на граѓаните, кои за новогодишните празници ќе останат во Штип, лизгањето на мраз е бесплатно за децата, а лизгалките се обезбедени. Дочек на Нова Година ќе нема на Градскиот плоштад, но во наредните денови ќе има низа на манифестации, во кои ќе учествуваат децата од градинките и учениците од училиштата.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2018 18:39