„Подај рака" е мотото на 5. хуманитарна детска модна ревија што ќе се одржи денеска во спомен куќата „Тодор Проески" на Гумење во Крушево. Моделите за ревијата ги изработија студентите од Технолошко-техничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев" во Штип, под менторството на Ванѓа Димитријева Кузманоска.
Како што информираат од Општина Крушево, моделите ќе бидат претставени од учениците од крушевското основно училиште „Никола Карев", а ќе бидат донирани на деца без родители од шест до девет години кои се згрижени во семејства во Крушево.
Настанот се одржува со поддршка на локалната самоуправа, на среднопто крушевско училиште „Наум Наумовски Борче"и Спомен куќата на Тоше Проески.
Во рамки на оваа манифестација, на Божик, 7-ми јануари, во организацијата на професорката Димитријева Кузманоска, дечињата без родители ќе можат да бидат гости на свечен ручек и со тоа, за празниците, да бидат скромно удостоени.
Димитријева Кузманоска нагласува дека ревијата се збопгатува секоја година со нови поддржувачи.