Гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков денеска ги прими штитениците од Центарот за деца со посебни потреби „Мајка Тереза“ од Гевгелија кои по повод Новата 2019 година му врачија пригодна честитка и подарок што самите го изработиле.

Поцков им се заблагодари на дечињата за честитката и подарокот и им вети дека во текот на наредната недела, во пресрет на новогодишните и божикните празници, ќе го посети Центарот и ќе им додели новогодишни подароци.

Центарот „Мајка Тереза“ од Гевгелија, кој секојдневно го посетуваат 40 деца со посебни потреби, е единствен од ваков вид во Македонија. За штитениците се грижат 13 ангажирани лица меѓу кои дефектолог, логопед, физиотерапевт, психолог, педагог, социјален работник и воспитувачи.

Тие секојдневно одржуваат часови со децата поделени во четири програми, со цел на лицата со посебни потреби да им се обезбеди вистинска инклузија во општеството.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/12/2018 17:20