Вечерва во Струмица во НУЦК „Антон Панов“ беше промовиран документарниот филм „Жртвите на семејно насилство-жртви на системот“. Филмот е авторско дело на новинарката Стојне Митева во продукција на Здружението на граѓани „Скај плус“.

Според авторката семејното насилство бележи раст како во државата така и во Струмичкиот регион и токму од тоа се наметнала потребата да се сними таков филм.

-Статистиката на ниво на Македонија вели дека имаме некаде околу 800 жртви на семејно насилство на годишно ниво. Фрапантен е и бројот во Струмица-околу 300 жртви се регистрирано за девет месеци, бројка која воопшто не треба да се занемари. Пораката која сакаме да ја испратиме со овој документарен филм не е да ја подигнеме свеста на жртвите на семејното насилство, туку да допреме до институциите и дека насушно ни е потребно малку посинхронизирано делување во однос на заштита, безбедност и превенција на жртвите од семејно насилство – рече авторката на филмот, Стојне Митева.

Филмот е финансиски подржан од општина Струмица, а е снимен во соработка на ТВ „Канал Вис“ од Струмица.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2018 01:09