Поради магла намалена видливост од 50 – 100 метри има кај Тетово и Штип, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на останатите патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Од ЈП Македонијапат апелираат за внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.