Во Пехчево се одржа работилница за доближување на младите и локалната власт. Како што истакна Ана Марија Теохарова од здружението „Амброзија”, акцент на работилницата беше ставен на формата и начините преку кои младите можат да учествуваат во креирањето младински политики.

– Донесувањето и креирањето јавни политики на локално ниво е една од најважните работи кои ги засегаат младите и токму тоа затоа на работилницата акцентот го ставивме на ова доста важно прашање за нив. Во таа насока на учесниците им беа претставени начините и механизмите преку кои тие како млади лица можат да бидат активни учесници во процесот на донесување на одлуки на локално ниво, рече Теохарова.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2018 12:15