Во Делчево се одржа целовечерен концерт на староградска музика и серенади во изведба на Градскиот хор од Штип, кој првпат гостуваше во Делчево. Концертот го организираше Општина Делчево во соработка со НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и е дел од новогодишната културна понуда во градот.

-Музиката со која се претставивме е составена од широк спектар композиции – од опери, популарни македонски и странски песни, исто така имавме госпел композиции, како и поп и рок-нумери. Како здружение на граѓани, Градски хор од Штип функционира од 2009 година, но во овој состав сме од 2016 година. Имаме 32 члена од различни возрасти, од студенти до пензионери. Редовно настапуваме во Штип, а еве сега и во Делчево, рече диригентката Иавана Јанков.

Новогодишната културна понуда во Делчево продолжува наредната недела со детски приредби, филмски претстави и завршен новогодишен концерт на НУЦК „Никола Ј. Вапцаров“.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2018 00:36