Во општина Новаци почна реализацијата на проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“, што го имплементираат неколку адвокати чија задача е да го зајакнат пристапот до правда на најранливите категории на граѓани од оваа општина.

Од општината информираат дека со оваа активност ќе се придонесе кон правно јакнење и имплементација на постоечките механизми кои се однесуваат на пристапот кон правдата.

– На учесниците во обуките им се овозможува правно советување, ќе бидат организирани локални настани за правна свесност на локалното население, активности за подобрување на регулативите, нивна примена и политиките кои се однесуваат на пристапот до правда, велат од општината.

Проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“ е поддржан од Европската Унија, а обуките за жителите на општина Новаци ќе се реализираат до 31 август 2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2018 11:32