Девет пати помало е нивото на реката Треска кај Македонски Брод во однос на просекот за декември, а Пчиња кај Катлановска Бања е повеќе од двојно намалена, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Преполовени се и нивоата на Црна Река кај Новаци, на Сатеска кај Ботун, како и на Крива Река кај Крива Паланка.

Според УХМР, намалувања бележат и Вардар, Брегланица кај Штип и Црн Дрим кај Ложани.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2018 12:09