Општински административци наредниве две недели повторно ќе им помагаат на граѓаните околу приемот на документи и ќе даваат совети за комунални прашања.

Од општина Гостивар информираат дека по повод доаѓањето на печалбарите во родниот крај од денеска повторно ќе биде отворена „Канцеларијата на иселениците“. Таа ќе функционира во просториите на Центарот за општински услуги во приземјето на зградата од 8 до 19 часот секој работен ден сé до 7 јануари

Општинските службеници преку оваа канцеларија на иселениците ќе им помагаат за добивање на информации за општинските услуги, како и да ги се посоветуваат до кои институции да се обратат за решавање на нивните барања.

Од локалната самоуправа потсетуваат дека рокот за поднесување барања за легализација на бесправно изградени објекти истекува на 31 декември 2018 година и апелираат до граѓаните да ја искористат оваа последна законска можност.

Општинската власт летово првпат ја отвори канцеларијата летово со цел да им ги олесни потребите на граѓаните околу административните потреби.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2018 17:30