Учениците и кумановската јавност во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ имаа можност да ги разгледаат паноата на кои визуелно и текстуално се прикажани страдањата на луѓето зафатени во виорот на Првата светска војна од 1916 до 1918 година.
Изложбата ја организира Асоцијацијата на наставници по историја на ниво на Македонија и е деветто презентирање во Македонија.
-Изложбата е посветена на 100-годишнината од затворањето на фронтот со цел да се присетиме на тие страдања, кои оставија длабоки траги во државата. Акцент е ставен на секојдневието на луѓето, како се справувале со предизивиците на војната во која биле внесени без нивна волја, како живеееле жените, децата, рече претседателот на Асоцијацијата Миле Младеновски.
Професорската по историја од кумановската гиманзија, Анита Зафировска ги покани ученици од кумановските основни и средни училишта во наредните денови да ја разгледаат изложбата која има и едукативен карактер.