Во Занаетчискиот дом во Куманово вечерва со почеток во 19 часот ќе се одржи предновогодишен концерт на кој ќе настапат локални пејачи: Ивона Јовановиќ, Марио Арангеловски, Мартија Станојковиќ, Мартинијан Кириловски и Наталија Славева.

Кумановци ќе имаат можност да уживаат во овој концерт, информираа денеска, од Фондацијата за култура и спорт Куманово.

Утре, на градскиот плоштад најмалите ќе се дружат со Дедо Мраз.

Ова е трета година како Куманово нема организиран пречек на градскиот плоштад, по десетгодишната традиција. Претходно, градоначланикот на општина Куманово Максим Димитриевски информираше дека поради недоволната заинтересираност на граѓаните, високите средства кои се одвојуваат за настап на пејачи и групи од Балканот и реализацијата на тековните проекти се одлучиле и годинава да не трошат средства за заеднички пречек на Нова Година.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2018 17:48