Во организација на Меѓународниот балкански универзитет и Црвениот крст на Република Македонија, во просториите на новиот универзитетски кампус на МБУ денеска се одржа крводарителска акција, во која повеќе од педесетина лица даруваа крв.

Целта на оваа акција беше да се обезбеди значителна количина крв која е суштинска потреба на здравствените институции во државата, но и да се влијае позитивно на младите генерации за придобивките од крводарителството и нивната инклузивност во општествено-одговорни и хумани акции, посочуваат од МБУ.

Меѓународниот балкански универзитет и Црвен крст на Република Македонија начелно договорија соработка и во иднина.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2018 19:10