„Роса школо за родителство“ ќе биде отворена денеска во Клиничката болница во Битола.
Најавено е обраќање на државниот секретар во Министерство за здравство Владимир Милошев и на директорот на Клиничката болница во Битола, Зоран Лазаров.
Ова е трето „Роса школо за родителство“ откако беа отворени две и тоа во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје и во Општата болница во Гостивар.