Во ПОУ „Д-р Златен Сремец“ денеска во пресрет на новогодишните празници се одржа манифестација на која децата кои учат во ова училиште преку изведба на ритмичко – музички точки и драматизација ги покажаа своите вештини.
Точките на претставата ги изведоа ученици од предметна и одделенска настава под менторство на нивните наставници и дефектолози кои ги изработија сценографијата и костимографијата за настапите.
Директорката на ПОУ „Д-р Златан Сремец“, Марија Делетиќ на градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски му додели благодарница за хуманост и создавање еднакви можности за децата со посебни потреби. Благодарници добија ПСОН Кисела Вода, Биотек лабораторија и НЛБ Тутунска Банка.