Една година успешно функционира проектот "Мој општинар" во Кавадарци, рече кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на денешната прес конференција.

На наше задоволство постигнатите резултати ги надминаа и нашите очекувања, а тоа покажува дека целосно е оправдана функцијата на овој проект. Општина Кавадарци прва имплементира проект од ваков тип. Осум општинари, носители на проектот, секојдневно се во функција на граѓаните. Преку секојдневното излегување на терен и утврдување на фактичката состојба, општинарите заедно со приватни фирми донатори ги исчистија речиси сите диви депонии во општината, а акцијата „За убаво и чисто Кавадарци" континуирано се реализира, информираше Јанчев.

Преку „Мој општинар", нагласи, се изврши хортикултурно озеленување од над 30 000 метри квадратни.

-Речиси сите тротоари сега се во целосна функција на пешаците со тоа што се поставија метални столбчиња. Изминатата година сведочи за функционалсноста на проектот. Веќе една година жителите на Кавадарци контактираат со општинарот за даден реон и на тој начин се поблиску до општината, односно брзо пренесување на проблемот. Општинарите, проблемите ги доставуваат до службите или институциите и истите се решаваат со постојано надгледување од општинарите за времето и рокот во кој е решен проблемот. Овој круг функционира преку нов софтвер преку кој се следат сите пријави како и крајниот резултат, додаде градоначалникот.

„Мој општинар", рече, даде голем придонес и во целосно ажурирањена старите податоци од даночното одделение.

-Преку фотографии и собирање на нови податоци се направи нов систем за наплата на данок на имот. „Мој општинар", според фактичката состојба на терен, заедно со службите, ги подготвија и програмите за комунална изградба за 2019 година како и програмите за јавна чистота и зеленило, соопшти Јанчев.

Резултатот од имплементацијата на еден ваков проект, рече дека е и повеќе од очигледен.

-Моја желба е во наредната 2019 година општинарите да имаат уште поголеми успеси а жителите на Кавадарци да бидат уште позадоволни, нагласи градоначалникот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2018 17:50