Општина Чашка од сопствениот буџет набави трактор со приколка за собирање на смет,кој денеска пристигна, а и скип ровокопач за собирање снег и со повеќе намени во градежништвото, а кој во општината треба да пристигне до 10 јануари.

Како што инфрмира за МИА, градоначалнико Горан Стојановски, тракторот со приколка за смет вреден 913 илјади денари ќе го користи ЈП „Тополка“,а истиот во многу ќе им ја олесни работата за собирање на смет во високите тешко пристапни планински населени места во општината.

-Скип ровокопачот кој е од англиско производство вреден шест милиони денари, со нетрпение го очекуваме, а затоа што во овој период ќе ни биде наменет за собирање на снегот во повисоките планински места во општината. Во летниот период истиот ќе го користиме во градежништвото при изградба на патиштата, бидејќи општината Чашка која е четврта по големина во земјава и се наоѓа во центарот на Македонија располага со 126 локални патишта,информира Стојановски.

Тој потенцира дека со набавката на сопствена механизација, Општина Чашка во иднина ќе заштеди пари и време.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2018 17:54