Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес имаше работен состанок со градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.
Инфраструктурните и економските развојни планови на општина Крушево и можностите кои со нив се отвораат за привлекување на нови странски инвеститори, биле темите на разговор на средбата.
Апостолска, како што соопштија од нејзиниот кабинет, истакнала дека намерата на Владата е економскиот раст и развој на земјава да го постави на здрави темели преку успешни интеракции на домашни и странски компании, притоа поддржувајќи го домашното стопанство во зајакнувањето на неговите технолошки капацитети и организациони способности, а кои би соодветствувале на потребите и барањата на технолошки напредни странски компании.
Од страна на градоначалникот Христоски биле претставени потенцијални локации за реализација на нови гринфилд и браунфилд странски инвестиции во општината, при што нагласил дека индустриската зона е финализирана и инфраструктурно оспособена за реализација на конкретни инвестициски проекти.