Во Делчево вечерва се одржа завршен новгодишен концерт на делчевскиот Центар за култура на кој настапија Фолкорната група ,Вапцаров“, Оркестарот на народни и изворни инструменти и Пејачката група „Ѓурѓа“.

За Слободан Илиоски, раководител на музичката дејност при Центарот за култура, ова беше успешна година за делчевската културна установа, најмногу поради тоа што повторно на сцената во Делчево се вратија неколку реномирани манифестации.

– Тука ќе ги спомнам и традиционалниот Меѓународен фестивал „Голачки фоклорни средби“, Фестивалот за деца „Пијанечки бисери“ , Интернационалниот фестивал „Балканот игра и пее“ и други. Тоа се манифестации кои ги организиравме во соработка со општина Делчево кои се надеваме дека ќе ги продолжиме и во 2019 година, рече Илиоски.

За младиот кореограф Кристијан Трајановски беше задоволство на крај на годината преку својот завршен настап да се сублимираат резултатите на групата кои беа псотигнати во 2018 година.

– Фиолклорната група „Вапцаров“ оваа година учествуваше на неколку концерти во и надвор од државата. Учествувавме на Меѓународни фестивали во Словенија и Турција. Ова е концерт на кој се претставуваме со најголем дел од кореографииите со кои сме настапиле на тие концерти. Вечерва истотака премиерно ја изведовме кореографијата „Копачија“. Се надеваме како група која брои над 50 членови дека и во 2019 година ќе имаме уште повеќе успешни настапи, истакна Трајановски.

Завршниот концерт кој го организираше Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ се реализираше во соработка со Општина Делчево со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2018 11:49