На Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип синоќа почна Новогодишната приказна. Децата од двете детски градинки„Астибо“ и „Вера Циривири-Трена и учениците од штипските основни училишта, како и балетските групи во наредните денови ќе се претставуваат пред публиката.

Преку игра и песна ќе покажат што знаат и умеат. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски вечерва ја отвори манифестацијата, што веќе втора година по ред се одржува на плоштадот.

-Во рамки на програмската агенда на овој четиридневен настан се предвидени и музички, но и хумуристички содржини, интерактивни активности на наменски креирани штандови, како и можности граѓаните да ја покажат својата хуманост и да внесат малку ведрина во претпразничните денови на кои им е потребна подадена рака. Штипјани деновиве ќе имаат дополнителна опција и локација за меѓусебно дружење и разменување на позитивна енергија, рече Бочварски. Билјана Казанџиска раководител на Секторот за јавни дејности во Општина Штип, истакна дека во наредните денови на плоштадот граѓаните ќе можат во типските куќарки да ги видат и купат рачни изработки, храна и останати производи направени на природна база. Со што производителите ќе можат и да ги понудат и промовираат своите производи. Оваа година дополнителна радост за најмалите е лизгалиштето, што за првпат е поставено на плоштадот и претставува вистинска атракција.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2018 17:05