Адвокатската заедница – Гостивар по повод Нова година донираше пакетчиња за децата од социјално загрозени семејства и деца во згрижувачки семејства. Подароците ќе им бидат врачени преку службите на Центарот за социјална работа Гостивар.
– Идејата за ваквиот чекор се роди во меѓусебната комуникација на колегите адвокати. Разговаравме што би било најсоодветно и каде да помогнеме. Годинава членовите на адвокатската заедница издвоија парични средства со кои се купени новогодишни пакетчиња. Подароците ќе им бидат врачени на децата кои се во згрижувачки семејства и деца од семејства кои се под социјален ризик. Од центарот искажаа подготвеност да ја преземат донацијата и да ги врачат подароците. Сакаме ова да прерасне во традиција, а адвокатите на ваков начин да ја покажат хуманоста и социјалната одоговорност – рекоа од Адвокатската заедница.