Лазарополе со минус 10 утрово беше најстудено место во Македонија. Следува Маврово со минус осум, минус седум Скопје-Петровец и Крушево, минус шест Тетово, Претор, Битола и Прилеп, минус пет Крива Паланка и Охрид, минус четири Скопје-Зајчев Рид и Берово, минус два Струмица, Демир Капија, Виница и Куманово, мула во Штип, до четири во Гевгелија и Дојран.

Снег има во Маврови Анови 14 сантиметри, 13 Попова Шапка и Крушево, осум Тополчани и седум сантиметри во Лазарополе.

Утрово времето е ведро со слаб, а во источните делови умерен северен ветер, а во текот на тенот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури и со слаб до умерен северозападен ветер. Утре ќе се зголемат условите за појава на магла по котлините. Во недела кон крајот на денот и во понеделник се очекува зголемена облачност со локални вренежи претежно од снег.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2018 17:16