Воспитувачките од ЈДГ „Весели Цветови“ во големата сала на Општина Кисела Вода одржаа новогодишна претстава за децата на вработените во Општината.
Како што соопштија од општината, по завршувањето на овој новогодишен настан децата ги израдува и Дедо Мраз кој на сите им додели новогодишни пакетчиња.
Претставата ја проследија градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски со семејството, секретарот Александар Алексовски и претседателот на Советот на Општината Дарио Шимиќ.