Според информацијата од ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес, велешко и целиот повардарски регион од неколку општини, нема регистрирано ниту еден случај на мали сипаници. Како што потенцираше за МИА, епидемиологот Билјана Трајкова од установата, коодинатор за овие болести за целиот Повардарски регион, тие секојдневно се на терен и внимателно ја следат состојбата.

Таа апелира до граѓаните посебно до родителите да внимаваат на своите деца, а најдобра превентива, како што вели е навремена вакцинација што штити од мали сипаници.

-Апелирам до родителите во интерес на здравјето на нивните и останатите деца навреме превентивно да ги заштитат своите деца од мали сипаници и други заразни болести.Тоа треба да биде согласно зацртаниот календар за вакцинации според возраста на детето и тоа во одредениот термин на покана на јавната здравствена установа навреме да ги однесат своите деца за вакцинација во Детскиот или школски диспанзер, потенцира Трајкова.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2018 17:49