По повод новогодишно-божикните празници, а во организација на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица денеска е отворена изложбата на ликовни дела од ученици од основните училишта од четирите општини во Струмичкиот регион-Струмица, Василево, Ново Село и Босилово.
Темата за годинашниов конкурс за учество на изложбата беше „Зимата во мојот крај-новогодишна еуфорија“.
На конкурсот пристигнале 270 ликовни творби, а најдобрите беа наградени со поттик на креативноста и стекнатите знаења за ликовната уметност на учениците.
Инаку по повод претстојните празници ученици од основните училишта во Струмица подготвија новогодишни пакетчиња и ги подарија на своите соученици од социјално загрозени категории.
На овие деца пакетчиња им подари и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.