Општина Гостивар во пресрет на новогодишните празници подари над 300 пакетчиња на социјално загорзени деца и лица со посебни потреби.

Првите пакетчиња ги додели градоначалникот Арбен Травари при неговата посета на Дневниот центар во кој престојуваат деца со посебни потреби.

– Новогодишни пакетчиња поделивме и во специјалните паралелки во ООУ „Исмаил Ќемали“ и ООУ „Мустафа Кемал Ататурк, и во здруженијата на лица со оштетен вид „Реалност“ и на глуви и наглуви лица „Тишина“. Во наредните денови, исто така ќе им поделиме подароци децата од социјално ранливи семејства. Со овие подароци испраќаме порака дека институциите и општеството треба посебно да се грижат, истакна Афердита Хамза, одговорна за социјални прашања во Општина Гостивар.

На градскиот плоштад денеска се организра празнична програма за деца што ќе биде дополнета со симболични новогодишни подароци за децата случајни минувачи кои ќе ги врачуваат градоначалникот Таравари и членовите на Младинскиот форум на Општина Гостивар.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2018 14:01