Локалната самоуправа на општина Крива Паланка објави известување за имателите на бесправни објекти дека и во следните три дена, двата дена од викендот и понеделник, 31 декември службите ќе ги примаат барањата од граѓаните.
Оттаму посочуваат дека имателите на бесправни објекти утврдени во член 2 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти на кои заклучно со 3 март 2011 година се изведени градежни и инсталатерски работи во целост и истите преставуваат градежна и функционална целина, можат да поднесат барање за утврдување правен статус на бесправен објект најдоцна до 31 декември 2018 година.
Барањата се поднесуваат во архива во општината или со препорачана пратка по пошта.
Архивата во општина Крива Паланка ќе работи во следниве денови:29, 30 и 31 декември 2018година. Службата за прием ќе работи во периодот од осум до 12 часот во сите три дена до крајот на тековната година.