Националниот Ромски Центар ќе продолжи со укажување на проблемите со кои се соочуваат граѓаните, посебно маргинализираните групи граѓани, од сите области, здравство, социјала, правна помош за најранливите. Во соработка со здруженијата од национално, регионално и интернационално ниво, НРЦ ќе работи на подобрување на правата на граѓаните, пред се на ромската заедница, посочија надлежните од здружението на денешната прес – конференција.
Наредната година, оваа граѓанска организација ќе посвети внимание и на заминувањето на младите од државата.
-Улогата на здруженијата е да бидат коректив на власта. Мора да се посочува на проблемите за да се решаваат, вели, извршниот директор на НРЦ Ашмет Елезовски.
Тој изрази задоволство од постигнатите резултати, и ги повика граѓаните да увидат какви резултати постигнуваат и да им посочат со какви проблеми се соочуваат. И годинава ќе се работи на проектот од здравствена област, за домувањето на Ромите, едукацијата за младите.
-2018-та беше година со бројни активности, со секојдневна присутност на терен меѓу граѓаните и постојана комуникација со властите, од локално и национално ниво, со цел остварување на правата на граѓаните, рече Елезовски.
Клучно, е вели тој, стекнувањето на знаења и вештини, бидејќи новите процеси кои ја очекуваат Македонија мора да се следат од сите чинители во општеството, вклучително и граѓанските организации.