Децата со посебни потреби кои се лекуваат во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо “ и децата во детското одделени при Општата Болница во Охрид денеска ги посети Дедо Мраз.
Радосни и возбудени од средбата дечињата ги примија подароците и се фотографираа со дедото со бела брада и црвена облека.
Новогодишни подароци добија и дечињата кои извршуваа дневни прегледи во овие установи.
Организатор на настанот е Здружението на граѓани за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС БАЛКАН МЕДИА“ со поддршка на Општина Охрид и министерството за Здравство на Р. Македонија.