На големата сцена во велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, денеска ќе биде изведена новогодишната претстава за деца „Снешка смешка и Тео текнувало го спасуваат Дедо Мраз“ во адаптација и режија на Ненад Витанов. Ова е последна претстава од репертоарот на театарот за годинашната сезона.
Ова е театарска претстава наменета за деца на возраст од четири до 12 години која театарот ја реализира од сопствени средства.Таа веќе имаше неколку изведби на репертоарот на театарот со организирана посета на деца од градинките и основните училишта во Велес.
претстава Велес Во претставата настапуваат актерите Талија Настова како Снешка Смешка, Фаик Мефаиловски во улогата на Тео Текнувало и на Дедо Мраз, Жарко Спасовски како Принцот Мраско, а во улогата на раскажувач се појавува режисерот Ненад Витанов.
Билетите за претставата се веќе во продажба на билетарницата на театарот.