Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ договори партнерство со „Ран Бугарија“.
Во рамки на соработката, како што соопшти организаторот, за третото издание на „Охрид трчаТ“, кое треба да се одржи на 2 јуни 2019 година договорено е „Ран Бугарија“ да учествува со 50 учесници.
– Една од нашите цели уште од самиот почеток е „Охрид трчаТ“ да стане бренд кој ќе привлекува се повеќе и повеќе спортски гости во Охрид на задоволство на сите нас. Соработката со „Ран Бугарија“ ја договаравме уште од нашето учество на мратонот во СОфија и ни претставува големо задоволство што Охрид и „Охрид трчаТ“ ќе се дел од нивните трки за 2019 година, вели директорот на трката Иван Цветкоски.
Изрази уверување дека ова е само почеток кон привлекување на големата интернационална тркачка заедница да учествува на „Охрид трчаТ“.
– Придобивките се големи, но и обврските. Затоа ние како организатори максимално сме ангажирани во текот на целата година да го развиваме и афирмираме брендот Охрид трчаТ. Се подготвуваме за наше учество на неколку маратони и полумаратони на Балканот во 2019 година. Во преговори сме со неколку директори на трки да бидат наши гости за време на „Охрид трчаТ“. Максимално сме посветени на меѓнародната соработка и афирмација на Охрид трчаТ и веруваме дека сето тоа ќе вроди со плод и во наредните години Охрид и Охрид трчаТ ќе се домаќини на повеќе од илјада тркачи од Европа и светот, изјави Цветкоски.
Пријавувањето за учество на „Охрид трчаТ“ за 2019 година почна на 24 декември на официјалната интернет страна Ohridtrcat.mk.