Американскиот секретар за одбрана во заминување Џејмс Матис упати апел до вработените во Пентагон да ги штитат САД и цврсто да опстојат на своите принципи.

Матис, кој на 20 декември поднесе оставка поради несогласување со претседателот Доналд Трамп, вчера се подготвуваше за примопредавање на должноста на неговиот наследни Патрик Шенехен.

Поранешниот секретар за одбрана во пишаната порака до вработените во Пентагон наведе дека треба да се држат до сојузниците во борбата против непријателите.

Матис, кој е пензиониран генерал, се уште не објави со што планира да се занимава во иднина.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/01/2019 21:30