Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски придружен од градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и претседателката на општинскиот Совет во предвечерјето на новогодишната ноќ ги посетија итните служби во општината, противпожарната , полицијата и итната медицинска помош и им доставија подароци во знак на внимание и почит кон нивната пожртвуваност во професионалниот ангажман.

При посетата на територијалната противпожарна единица Николовски истакна дека иако локалната власт има ингеренции на работењето на службата, централната власт постојано во спрега со локалните власти работи на унапредување и развој на работата на противпожарна служба. -Вечерва сум овде за да и како Влада имаме увид за состојбата и сето она што недостасува,од кои било извори да се обидеме да го обезбедиме и не само за противпожарната служба,туку и за здравствениот дом и за полициската станица. Во ТППЕ неодамна беа дадени согласности за пет нови вработувања, а со одлука на Влада одобрено е ослободување на просториите во поранешната касарна во градот,кои по одобрение од универзитетот УКИМ и МОН, ќе може да се сместат и противпожарната единица,но и други служби за обезбедување подобри просторни и технички услови.Во однос на полициската станица, ПС од општа надлежност Крива Паланка е влезена во осумте кои МВР ќе ги реновира во 2019, а донација во инвентар беше обезбедена во здравствениот дом во Крива Паланка , но планирано е наскоро да се набави и теренско санитетско возило, изјави Николовски. Заложбите се да се задржат луѓето,но и професионалниот кадар во градот, особено во здравството,каде се соочуваме како и во цела држава со одлив на кадри.За таа цел сите наши напори се во насока на подобрување на квалитетот на живот,во сите сегменти на општественото живеење,етапно, со сите расположливи сили и ресурси. И градоначалникот Мицевски ги поздрави дежурните екипи од итните служби кои вечерва ќе бидат во приправност и ќе придонесат за мирна и безбедна новогодишна ноќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2019 01:23