Бебето Ведран, кое првиот ден од новата година го посетија градоначалникот на Град Скопје и министерот за здравство, денеска го посети и градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски.
Семејството на Ведран е жител на општина Гази Баба, а градоначалникот Георгиевски традиционално и оваа година првороденото бебе од општина Гази Баба го награди со 20.000 денари и играчка, а на семејството Ангеловски од населбата Хиподром, им посака среќни новогодишни и божиќни празници.
Ведран е роден во првата минута од новата година со тежина од 3 килограми и 940 гр и должина 52 сантиметри, на Клиниката за гинекологија и акушерство, при универзитетскиот клинички центар.
Mашкото дете на нашето поднебје е предзнак за бериќетна и успешна година.