Гинеколошкото одделение на Општата болница со проширена дејност од Кочани доби опрема за ендоскопски прегледи што ја донираше локалниот бизнис сектор.

Вредноста на донацијата е 2,7 милиони денари, а станува збор за адаптабилна опрема на чие инсталирање ќе се работи во наредните денови и се очекува за краток период да биде ставена во употреба.

-Наша цел е во соработка со Клиничкиот центар од Скопје и со приватните болници во државата да обезбедиме присуство на врвни лекари од областа на гинекологијата, со што на пациентките од нашата општина и од источниот регион ќе им обезбедиме квалитетни здравствени прегледи. Пред неколку дена вработивме уште по еден лекар специјалист на гинеколошкото одделение и педијатар за детското одделение, а во текот на оваа година очекуваме подобрување на кадровската екипираност и на другите одделенија, истакна Александар Серафимов, директор на Општата болница од Кочани.

За да се намали недостигот од лекарски персонал, поднесено е барање за специјализација на девет лекари и веќе е добиена согласност од ресорното министерство, а деновиве треба да се потпише договор со Медицинскиот факултет во Скопје. По завршувањето на стручната дообука, Општата болница од Кочани ќе обезбеди гинеколог, оториноларинголог, анестезиолог, ортопед, интернист, педијатри и хирурзи



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2019 14:43