Антонио Бимбилоски е првото новороденче во 2019 година во Охридската гинекологија, а денеска го посети в.д. градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски.
Градоначалникот на малиот Антонио му посака здравје, среќа, радост и успех и му подари ваучер со 10.000 денари.
-Децата се нашето најголемо богатство. Тие се нашата водилка во животот и ние сите заедно треба да продолжиме да ја унапредуваме нашата средина да создаваме подобри услови за живот и перспектива на децата, рече Георгиевски.
Тој забалежа дека 2019 година ќе биде силна и бериќетна за Охрид, бидејќи, како што подвлече, почна со машка рожба.
Породувањето го извршил доктор Боро Петрески, а мајката Софија и бебето се во одлична здравствена состојба.
-Годината ни почна со здраво машко бебе породено со царски рез околу 10 часот и 15 минути на 1 јануари. Тешко е 3.600 грама и оценето со највисоки оценки по параметрите на педијатрите, изјави Петрески, додавајќи дека и второто новороденче во Охрид е машко.