Екипи на ЈКП „Нискоградба“- Битола од ноќеска и утрово ги чистат улиците според приоритетната листа за чистење улици во зимски услови утврдена од Советот на општина Битола.

Директорот на ЈКП „Нискоградба“ – Битола Методи Силјановски за МИА потврди дека досега по улиците на подрачјето од надлежност на тамошната локална самоуправа фрлени се 50 тони сол и 50 метри кубни ризла.

– Чистењето на снегот се врши од ноќеска, а во раните утрински часови, во зорите…почнавме интензивна акција во која се вклучи целата наша механизација како и механизација на фирми подизведувачи со кои соработуваме. Се чистат улиците од прв и втор приоритет, се чисти во урбаниот и руралниот дел на општината, посочи Силјановски.

Инаку, според првичните информации на УХМР, во Битола паднале околу 15 сантиметри снег.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2019 12:14