Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипи на ЈП „Македонија пат“. Слаб снег провејува на целата територија во државава.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила и натаму има на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража.

На планинскиот превој Ѓавато задолжително е употреба на зимска опрема.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2019 12:44