Уште е во сила забраната за движење на тешки товарни возила со приколка кон Маврово и обратно, која беше воведена вчеравечер. Во Маврово врне ситен снег, а висината на снежната покривка изнесува дваесетина сантиметри. Сите патишта, вклучително и кружниот пат околу Мавровското Езеро се проодни, но сообраќајот се одвива отежнато, во зимски услови. Во овој регион утрово е доста студено со – 9 Целзиусови степени, а се очекуваат уште пониски температури.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2019 14:41