Со новогодишен концерт на Студиото за модерен балет „Реверанс“ од Струмица вечерва ќе биде означен крајот на големата хуманитарна акција за собирање средства за операција на малата Нина Димитриевска од Струмица. Седумгодишното девојче треба да замине на лекување во САД во наредните месеци, а со вечерашниот концерт преку симболична цена на влезниците треба да бидат собрани 65-те илјади евра потребни за лекување на Нина. На концертот во Домот на АРМ ќе настапат мали и големи играчи, кои преку нивните кореографии уште еднаш ќе и помогнат на Нина. На концертот како гостин ќе настапи и саксофонистката,Александра Илиева. Во изминатиот период преку хуманитарни акции беа собирани средствата за лекување на Нина, а донираа и голем број поединци и компании.