Сообраќајот во поширокиот кумановски регион се одвива по влажни коловози. Висината на снежната покривка, информираа од Регионалниот Центар за управување со кризи во котлините изнесува еден до два сантиметри, додека во повисоките планински места е пет сантиметри. Патиштата се чисти и проодни, но се препорачува внимателно возење, согласно зимските услови.
-Трговските друштва задолжени за одржување на локалните патни правци навременo имаат преземено превентивни мерки за одржување на патишта во зимски услови, изјави Горан Стојановски од РЦУК- Куманово.
И сообраќајот на регионалните и магистралните патишта кои водат од Куманово кон соседните општини се одвива непречено во зимски услови.
-Нема посериозни пречки за непречено одвивање на сообраќјот, додава Стојановски. Сепак, оттаму препорачуваат возачите да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.