Четириесетина крводарителски акции во изминатите години се организирани со претпријатија, училишта, граѓански организации, установи и институции во Куманово. Според статистиката на Црвениот крст, во 2018 година биле собрани 2.843 крвни единици, што е за 50 повеќе во однос на предминатата година
– Зголемениот број на собрани крвни единици се должи на јакнење на свеста кај населението, добрата едукација и соработка која низ целата година ја остваруваме со Институтот за трансфузиона медицина, лекарите и со медиумите. Секоја година имаме поголем број на собрани крвни единици – изјави Ива Младеновска, од општинската организација на Црвениот крст. Годинава, првите крводарителски акции ќе се одржат во втората половина на јануари, со здружението „Коледари“ и рибарското друштво „МАК-ДАМ“.