Поради силниот ветар и наносите од снег на коловозот, од околу 15 часот на сила е забраната за тешки товарни возила на превојот Плетвар кај Прилеп.
Според Сашо Цветкоски, раководител на подружницата на „Македонија пат” во Прилеп имаат доволно песок и сол за коловозот, но ветрот прави проблеми.
-На коловозот има остатоци од кашест снег, но силниот ветер на превојот прави наноси од снег и затоа е активирана забраната за тешките товарни возила. Инаку, за сите други возила сообраќајот се одвива без застој. Ќе следиме како ќе се одвива ситуацијата во текот на вечерните и ноќните часови. Инаку, сите регионални патни правци во Oпштината се проодни. Дополнително ќе пратиме возило за патниот правец кон Мариово зашто е од трет степен. Имемо доволно количество песок и сол за посипување на коловозите – вели Цветкоски.
Во Прилеп нема проблеми во сообраќајот. Снегот што од синоќа непрекинато паѓа, не предизвика поголеми проблеми во сообраќајот на територијата на општината, информираат градските власти.
Синоќа и во текот на денешниот ден, низ улиците на градот и околните населени места, фрлени се 70 метри кубни ризла и 35 тони сол. Сите улици и локални патишта се проодни. Доколку за тоа постои потреба, екипите задолжени за зимско одржување на улиците и патиштата, се подготвени да интервенираат и во текот на ноќните часови, објаснувата од прилепската локална самоуправа.