Заменик министерот за здравство Асим Муса и градоначалникот на општина Струга Рамис Мерко денеска ги посетија првородените бебиња во Новата година на одделението за гинекологија и акушерство при Општата болница во Струга.

На трите прво родени во 2019 година градоначалникот им подари чекови со по 10.000 денари.

Трите новороденчиња се машки, родени природно и се во одлична здравствена состојба заедно со мајките.

– На новороденчињата и нивните семејства им посакувам здравје, среќа и долг живот. Децата се нашата иднина и во Новата година посакувам што повеќе здраво родени бебиња во нашата Болница, рече Мерко.

На новогодишната ноќ во Струшката болница се родија ти момчиња. Првото, чија мајка е од Дебар се роди во 3 часот и 50 минути, тешко е 3.060 грама и долго 50 сантиметри. Веднаш потоа во 6 часот и 25 минути и во 7 часот и 30 минути, природно се родени уште две машки бебиња во Болницата во Струга.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2019 02:34