Претставничкиот дом на САД на денешната конститутивна седница за свој нов претседател ја избра демократката Ненси Пелоси.

За изборот на Пелоси гласаа 220 конгресмени во 435-члениот Долен дом на американскиот Конгрес.

Ова ќе биде втор мандат на 78-годишната Пелоси на местото прв човек на Претставничкиот дом, откако на оваа функција беше и од јануари 2007 до јануари 2011 година.

Досега Пелоси беше лидер на демократите во Претставничкиот дом.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2019 03:14